Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се трага по убиецот на момчето во Чаир

Се трага по убиецот на момчето во Чаир

Убиецот кој стрелаше со автоматска пушка во младото момче од Чаир е во бегство, а можеби и нелегално ја напуштил државата. Засега од МВР не даваат повеќе детали во интерес на истрагата освен што во дневниот билтен има основни информации за времето и начинот на убиството. 
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидна екипа на Министерството за внатрешни работи врши увид на местото на настанот каде вчера околу 18 часот беше застрелано момчето.

Убиството се случило во непосредна близина на местото на живеење на сега починатото лице, на улица Џон Кенеди спроти Средното училиште „Цветан Димов“ во скопската населба Чаир. Првичните сознанија се дека пукањето следело по вербална расправија помеѓу сега починатиот и сторителот, по што убиецот стрелал од автомобил во движење. Возилото вчера исто така е пронајдено и е дадено на вештачење.

Основното јавно обвинителство Скопје работи на утврдување на фактите во кривично правниот настан за што јавноста ќе биде дополнително информирана.

Убиецот на 24 годишното момче од Чаир сеуште е во бегство. Полицијата трага по сторителот, а јавен обвинител дал наредба за обдукција на телото. На убиството кое се случи вчера попладне во Чаир претходела вербална расправија помеѓу сега починатиот и сторителот, велат од Основното јавното обвинителство.

Момчето веднаш било пренесено во Ургентиот центар без знаци на живот, потврдија од Клиниката за трауматологија, ортопетски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар. Му била извршена 45-минутна реанимација, но безуспешно.


Слично

Поврзани вести