Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се трага по скопјанка со деменција, можно е да се качила во „22-ка“

Се трага по скопјанка со деменција, можно е да се качила во „22-ка“

Семејството на скопјанката Лидија, која боледува од деменција и е исчезната, апелира до граѓаните за помош во нејзиното пронаоѓање.

Велат дека постои можност таа да се качила во автобус на линијата број 22, кој сообраќа од Волково кон Центар.

Во апелот се наведува дека нејзината точна локација не е позната и дека може да се наоѓа на било кое место низ градот.

Претходно беше објавено дека последен пат е забележана во населбата Црниче.

Семејството ги повикува граѓаните доколку ја забележат да не ја одминуваат, туку да се обидат да ја задржат на безбедно место и веднаш да ги известат на телефонскиот број 070 399 945.

Слично

Поврзани вести