Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се трага по штитеничка од „Ранка Милановиќ“ и две малолетнички

Се трага по штитеничка од „Ранка Милановиќ“ и две малолетнички

Од МВР известуваат дека пријавени за исчезнати се 19-годишна штитеничка на Јавната установа „Ранка Милановиќ" во Гази Баба, и две малолетнички на возраст од 16 и 17 години од Чаир кои се оддалечиле во непознат правец. 

МВР информира дека случајот со штитеничката С.Р. (19) синоќа во Полициската станица Гази Баба го пријавил социјален работник кој рекол дека таа на 10 февруари самоволно ја напуштила установата и се оддалечила во непознат правец. 

Случајот со 16-годишната малолетничка по полноќ во Полициската станица Чаир го пријавил С.С.(49).  Исчезнувањето на 17-годишната малолетничка во Полициската станица Чаир вчера го пријавила нејзината роднина А.Д. (48) која рекла дека таа го напуштила домот на 16 февруари. 

Од МВР соопштуваат дека се  преземаат мерки за пронаоѓање на трите лица.

Слично

Поврзани вести