СЕ ТРАГА ПО НИВ: Тројца Македонци ограбувале во странство
Словачката полиција на својот Фејсбук профил објави дека трага по двајца од тројцата државјани на Македонија кои пред неколку дена во селото Водеради, ограбиле поштари. Се работи за Славчо (28), Кристијан (24) и Горан (42).
Тие се осомничени за грабеж, и се соочуваат со затворска казна од 7 до 12 години. Полицијата го уапсила Славчо, а е во потрага по Кристијан и Горан. Словачката полиција објави фотографии од разбојниците од Македонија и бара помош од граѓаните.
„Пред неколку дена во селото Водеради се случи грабеж што го извршија тројца граѓани на република Македонија - Славчо (28), Кристијан (24) и Горан (42). Славчо е веќе уапсен, а се бараат другите двајца, за што се објавени и нивни фотографии. Ако имате какви било информации за нив, јавете се на 158 или пишете ни во приватна порака на Фејсбук. Тие се соочуваат со казна затвор од 7 до 12 години“- наведува полицијата.
Според словачкото МВР тројцата престојувале во различни хостели и користеле неколку автомобили.
