Се трага по Македонка која исчезна во Италија
Три седмици во Италија се трага по Македонката Светлана Михајлова (51), која последен пат е видена на 30 март, кога излегла од својот дом во Пјаченца.
Таа на 30 март излегла во продавница да купи основни работи неопходни за домот, но со себе носела малку пари и мобилниот телефон. Михајлова не ги зела личните документи со себе. Откако поминало подолго време од вообичаеното за враќање, сопругот и синот неколку пати и се јавиле на мобилниот затоа што таа поминувала низ тежок период. Светлана им рекла дека нема намера да се враќа, па тие безуспешно се обидувале да ја предомислат. Последен пат се слушнале во 14.30 часот по што го телефонот бил исклучен.
Пред да излезе од дома Михајлова била под терапија со лекови и покажувала знаци на нервоза.
Полицијата успеала да и влезе во трага на подземната железничка станица каде била снимена на безбеносните камери. Според надлежните од железницата, жената најверојатно отпатувала кон градовите на брегот на Јадранското Море.
Потрагата по неа трае.
