Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ТРАГА ПО ДЕДО ОД СКОПЈЕ КОЈ ИЗЧЕЗНАЛ ПО ПАТ КОН ВЕЛЕС - требало да се сретне со пријател, но не стигнал

СЕ ТРАГА ПО ДЕДО ОД СКОПЈЕ КОЈ ИЗЧЕЗНАЛ ПО ПАТ КОН ВЕЛЕС - требало да се сретне со пријател, но не стигнал

Постар жител на општина Аеродром, Скопје, со иницијали Н.С. на 86 годишна возраст тргнал во посета на пријател во Велес, но за жал не стигнал на договорената локација. 

Како што информираат од Министерството за надворешни работи, пријавата во полиција ја поднел пријателот од Велес со иницијали М.Д. на 75 годишна возраст. Тој укажал дека неговиот пријател не стигнал кај него, но притоа ниту бил најден во неговиот дом. 

- На 12.04.2024 во 17 часот во Полициската станица Велес, М.Д.(75) од Велес пријавил дека неговиот пријател Н.С.(86) од Скопје, со кого се договориле да се сретнат во Велес, не стигнал кај него. 

Според пријавеното, тој не бил најден ни во неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето - соопштува МВР.

Слично

Поврзани вести