Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ СУДРИЛЕ ВО ВОЗДУХ: Еве ги деталите за загинатите параглајдеристи кај Крушево

СЕ СУДРИЛЕ ВО ВОЗДУХ: Еве ги деталите за загинатите параглајдеристи кај Крушево

Британски и украински параглајдеристи ги оставија животите кај крушевски Мечкин камен.

Според официјалните податоци од полицијата параглајдеристите се судриле во воздух при што Украинецот кој е со иницијали  И.В и имал 56 години починал на на место на несреќата, додека 54 годишниот Британец им подлегнал на повредите во болницата во Прилеп каде бил пренесен со тешки телесни повреди.

Засега не е познато како дошло до судир на паралглајдеристите но надлежните наредија обдукција.

На местото на несреќата во Крушево се прави увид а токму таму има голема полициска присутност.

Крушево е познато меѓу параглајдеристите а токму таму секоја година се одржува државно и европско првенство.

Слично

Поврзани вести