СЕ СУДРИЈА ШЛЕПЕР И ТРИ АВТОМОБИЛИ КАЈ ЗАЈАС: Патниците завршија во болница
Несреќа денеска се случи кај Зајас, каде шлепер и три автомобили се судрија, а патниците се однесени во болница. Според информациите од СВР Охрид, во предел помеѓу селата Зајас и Грешница околу 15 часот дошло до сообраќајна несреќа.
Не се познати причините, а полицијата е на терен и врши увид. Од АМСМ известија дека поради сообраќајна незгода на патниот правец Кичево-Гостивар од 15.35 часот сообраќајот е во прекин во двата правци.
Слично
