Се судрија камиони кај манастирот „Св. Јован Бигорски“
Двa камиони со приколка, попладнево се судриле на регионалниот пат Маврово-Дебар кај местото викано Манастирски ливади во близина на манастирот „Св. Јован Бигорски“.
Во несреќата учествувале камион ДАФ со бугарски национални ознаки и камион МАН со српски таблички. Во сообраќајката повредени нема, но причинета е голема материјална штета.
Камионите се движеле во спротивна насока и засега не се познати причините за несреќата.
Попладнево од 16 часот е затворен регионалниот пат Маврово – Дебар.
Слично
