Се судрија автомобил и автобус - Две жртви и неколку повредени
Во стравична сообраќајна несреќе која се случи попладнево на патот Штип-Радовиш двајца го загубија животот, а уште неколку се повредени.
Во сударот учествувале две моторни возила, односно автобус на „Струмица експрес“ и автомобил. Во силниот удар на лице место починал К.Т (1973), возачот кој управувал со автомбилот, како и сопатничката во автомобилот чиј идентитет сè уште не е познат.
Повредени се неколку лица кои се превезувале со автобусот.
Слично
