Се стресе Струмица, но и Валандово
Земјотрес вечерва имаше кај Струмица.
Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 19 часот, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа, 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица.
Земјотресот беше од 2.2 степени, а е почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Слично
