Се стресе Струмица
Земјотрес ја стресе Струмица.
Станува збор за земјотрес со јачина од 2,6 степени. Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопштија дека земјотресот бил почувствуван во 17 часот и 10 минути, а бил на 120 километри југоисточно од Скопје. Земјотресот го почувствувале граѓаните на Струмица, Валандово и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
За време на продолжениот викенд, земјотрес беше почувствуван во Скопје. Тоа беше потрес со јачина од 3.3 степени.
Слично
