Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силен земјотрес во Грција, се стресе Македонија

Силен земјотрес во Грција, се стресе Македонија

Земјотрес вечерва е почувствуван во Битола, Скопје, Гевгелија и други делови на Македонија. 

Според податоците кои ги објави ЕМСЦ, станува збор за потрес со јачина од 5.8 степени на грчко тло, во близина на Лерин. 

ОБНОВЕНО: Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтер вечерва во 22.43 часот (23.43 часот по локално време) го погоди регионот на грчкиот град Лерин.

Според информациите на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил со јачина од 5,5 степени (првично беше 5,8), на 4 километри северноисточно од Лерин, на длабочина од 10 километри и категоризиран со четврти степен.

. Жителите на повеќе македонски градови се во паника поради земјотресот. 


Според ЕМСЦ земјотресот е на 131 километар јужно од Скопје.

Слично

Поврзани вести