Се стресе југозападниот дел на Македонија, детали за земјотресот
Се стресе југозападниот дел на Македонија од земјотресот со епицентар близу Кичево.
Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.5, а е почувствуван од населението во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 16.11.2021 година во 18 часот и 36 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 80 km југозападно од Скопје, а потекнува од епицентралното подрачје Кичево.
На Балканот, денес имаше земјотреси во Грција и Хрватска.
Слично
