Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се стресе источниот дел на Македонија

Се стресе источниот дел на Македонија

Земјотрес денеска ја стресе источна Македонија. 

Земјотрес со јачина од 3  степени е регистриран денеска во 11:49 часот со епицентар на подрачјето Свети Николе – Штип, 65 километри југоисточно од Скопје, објави попладнево Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

„Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда 3.0, а беше почувствуван од населението на Свети Николе, Кочани, Штип и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, информира Опсерваторијата. 

Неодамна имаше слаби земјотреси во Македонија, но во западниот дел, близу Кичево. 

Слично

Поврзани вести