Се стресе Грција, потресот го почувствуваа и битолчани
Битола и околината ja стресе земјотрес со епицентар во Грција.
Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран во 13 часот и 7 минути со јачина од 3.9 степени, на 165 километри југозападно од Скопје.
„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, наведуваат од Сеизмолошката опсерваторија.
Слично
