Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се стресе Бугарија, но и Македонија

Се стресе Бугарија, но и Македонија

Земјотрес имаше во Бугарија, но истиот го почувствуваа и граѓаните на македонско тло. 

Во 14 часот и 26 минути регистриран е земјотрес чиј епицентар се наоѓа 280 километри источно од Скопје, во Република Бугарија и е со Рихтерова локална магнитуда 4.6, соопшти Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,

Земјотресот го почувствувале и жителите на Пехчево и Берово, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Како што пишуваат бугарските медиуми земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Пловдив, а епицентарот на земјотресот е во регионите Асеновград и Садово. Земјотресот го почувствувале и во бугарскиот главен град Софија. Шест минути по земјотресот е регистриран и афтершок со јачина од 2,1 степени. 

Синоќа имаше слаб земјотрес во Берово. Синоќа се стресе Романија, но и Србија. 

Слично

Поврзани вести