Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се стишува епидемијата, но што понатаму?

Се стишува епидемијата, но што понатаму?

Во Македонија епидемијата на Ковид 19 се стишува. 

Ова го потврди министерот за здравство, Венко Филипче.

„Со олабавување на мерките може да спречиме голем број на ново дијаганостицирани пациенти. Затоа олабавувањето ќе оди постепено“, рече Филипче. 

Вели дека епидемијата ќе ја држиме под контрола ако носиме маски и држиме растојание. 

Во Македонија вчера имаше 111 оздравени, и 4 смртни случаи. 


Имаше и 23 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-5, Куманово-5, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2 и Неготино -2. Двете лица заведени во ПЕ Неготино, се жители на Демир Капија.

По 1 Мај ќе се знаат детали на кој начин животот во Македонија ќе се враќа во нормала. 

За ова ќе бидат подготвени соодветни протоколи. 

Слично

Поврзани вести