Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се степале во кафеана, а потоа едниот од нив прегазил полицаец

Се степале во кафеана, а потоа едниот од нив прегазил полицаец

Полицијата поднесе кривична пријава против Б.Ц.(34) и А.В.(25) од Крива Паланка за кривично дело  „насилство“ и против И.С.(28) за „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“.

На 16 јануари годинава во угостителски објект во Крива Паланка, Б.Ц. и А.В. физички нападнале едно од присутните лица, по што биле спречени во намерата и приведени во Полициска станица Крива Паланка. Б.Ц. со помош на И.С. кој бил со автомобил, се обидел да побегне, оттурнувајќи еден од полициските службеници, при што му нанел телесна повреда и му ја оштетил униформата. 

И.С. со голема брзина го стартувал возилото и со задното тркало го прегазил полицискиот службеник. 

Слично

Поврзани вести