Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ СТЕГА ЈАМКАТА ОКОЛУ ГРУЕВСКИ: Кој е вториот обвинет што си призна вина за „Насилството во Центар“?

СЕ СТЕГА ЈАМКАТА ОКОЛУ ГРУЕВСКИ: Кој е вториот обвинет што си призна вина за „Насилството во Центар“?

Се стега јамката околу лидерот на ВМРО ДПМНЕ. Уште еден обвинет во случајот со Насилствата во Центар на денешното рочиште покажа каење и призна вина за стореното.

Јордан Ристевски е вториот од обвинетите кои признаа вина за делото откако минатата недела за виновен се изјасни Томислав Лазаров кој добил шест месеци условна казна.

„Изминатава недела јас ги согледав причините за кои сум обвинет и сакам да кажам дека чувствувм вина и дека се каам за делото“, изјавил Ристовски.

Сепак и денешното рочиште се откажа и презакажа за 7-ми декември поради патувањето на еден од адвокатите.

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи прифати да се одложи рочиштето за 7 декември, а за Ристовски, поранешен советник во Центар, побара од судијката неговиот случај да се издвои од постапката.

Засега опозиционерот цврсто стои на ставот дека не се чувствува виновен за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Слично

Поврзани вести