Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ СТАВИ ЛИ СОСТОЈБАТА ПОД КОНТРОЛА ВО ЧАИР - имаат 280 активни случаи, а беа по над 400

СЕ СТАВИ ЛИ СОСТОЈБАТА ПОД КОНТРОЛА ВО ЧАИР - имаат 280 активни случаи, а беа по над 400

Се успева ли да се стави под контрола состојбата со заразата од коронавирусот во скопската општина Чаир.

Според последните податоци од Министерството за изминатото деноноќие, во Чаир имало 280 активни случаи заразени со КОВИД-19.

Тоа е уште навистина голема бројка, но сепак е помала од деновите кога во таа скопска општина беа регистрирани по над 400 активни случаи заболени од овој вирус.

За потсетување, на 24 јуни годинава, во Чаир биле регистрирани 413 заболени од коронавирусот.

За разлика од Чаир, во некои скопски општини бројот на заболени расте во споредба со тој датум, а во други се намалува. 

Еве каква била состојбата во последново деноночие во другите скопски општини. 

Во Аеродром во моментов има 167 случаи, што е раст во однос на 24 јуни кога биле 135 лица. 

Во Бутел сега се 132 заболени, а тогаш биле 136, што значи дека во таа општина состојбата се држи под контрола. 

Бројките во последното деноночие не се убави во Гази Баба, каде имаме 195 активни случаи, што е позначаен раст во однос на 24 јуни, кога таму имало 149 активни болни од коронавирусот. 

Во Центар и во Карпош сега имаме по 153 случаи, што е раст за по околу 20-тина нови случаи воп однос на тој датум. 

Сарај моментно брои 108 активни, што е намалување во однос на 141 колку што биле на 24 јуни. 

Во Кисела Вода има 124, Ѓорче Петров – 113, Студеничани – 105, Шуто Оризари – 97, Арачиново – 30, Илинден – 20, Петровец – 20, Чучер Сандево – 12, Сопиште – 18, Зелениково- 12, а нераспределени се 139 граѓани. 

Воп секој случај состојбата воопшто не е наивна, бидејќи има голем број скопски општини соп над 100 заразени.

Слично

Поврзани вести