Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ СРЕТНАА ОСМАНИ И БЛИНКЕН: За што разговараа?

СЕ СРЕТНАА ОСМАНИ И БЛИНКЕН: За што разговараа?

Шефот на македонската дипломатија во заминување на маргините на неформалниот состанок на НАТО во Прага се сретнал со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, со кого разговарале за актуелните настани во Македонија. 

Османи укажал на потребата од почитувањето на Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија.

„Со секретарот Блинкен разговарав за актуелните настани во нашата земја и за неопходноста од продолжување на евроатлантскиот пат на земјата, посветеноста кон функционалната мултиетничка демократија и почитувањето на трите договори. Му се заблагодарив за континуираната поддршка од САД“, напиша Османи на социјалните мрежи.

Деновиве, ДУИ излезе со тврдење дека со тоа што не се дел од власта е прекршен Охридскиот договор. ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ наскоро ќе формираат Влада. 

Слично

Поврзани вести