Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се сретнаа Ковачевски и Радев - што порачаа?

Се сретнаа Ковачевски и Радев - што порачаа?

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски во Софија денеска се сретна со бугарскиот претседател Румен Радев. 

Ковачевски рече дека низ работа може да се најде решение и овој регион да биде пример.

„Ќе се залагаме за дијалог“, рече премиерот Ковачевски, со почитување на европските вредности и со почитување на достоинството на македонските граѓани и на граѓаните на Бугарија.

Од резултатите и соработката, низ искрен дијалог истакна премиерот Ковачевски, се очекува да се создадат услови за поместување во процесот на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, во кој Бугарија и нејзиното искуство од петнаесетгодишното членство во ЕУ може да ја преземе улогата на лидер во поддршката за евроинтеграцијата на Северна Македонија.

Во разговорот беше истакнато дека средбите на високо и највисоко ниво испраќаат силна и јасна порака до јавноста и во таа насока премиерот Ковачевски и претседателот Радев се согласија дека свој придонес во таа насока се очекува и од сите идни средби на највисоко политичко ниво.

Слично

Поврзани вести