Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) Се сретнаа Иванов и Радев: Која е пораката на бугарскиот претседател?

(ГАЛЕРИЈА) Се сретнаа Иванов и Радев: Која е пораката на бугарскиот претседател?

Претседателот на соседна Бугарија Румен Радев се сретна со македонскиот колега Ѓорге Иванов.


Тоа е првата државна посета по стапувањето во сила на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави.


Официјалната церемонија за добредојде се одржа во Вила Водно.

Радев, исто така, ќе се состане со македонскиот премиер Зоран Заев и Талат Џафери, претседател на Собранието.

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Софија поддржува решение на спорот за името меѓу Скопје и Атина кое нема да вклучува територијални делови од Бугарија и нема да засега трети страни.

- Бугарската позиција е јасна, решението за името во спорот со Грција да не содржи географска одредница која во себе ќе вклучува територијални делови од Република Бугарија - рече Радев, одговорајќи на новинарско прашање на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.


Клучни теми на посетата ќе бидат спроведувањето на Договорот за пријателство, како и поддршката на Бугарија за европската и евроатланската интеграција на Македонија.

ФОТО: Фактор

Слично

Поврзани вести