Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се спојуваат Американ Ерлајнс и УС Ервејс – ЕК го одобри договорот вреден 11 милијарди долари

Се спојуваат Американ Ерлајнс и УС Ервејс – ЕК го одобри договорот вреден 11 милијарди долари
Европската комисија го одобри договорот вреден 11 милијарди долари за спојување на Американ Ерлајнс и УС Ервејс (American Airlines – US Airways), откако компаниите најдоа компромис околу можниот монопол над линијата Лондон Хитроу – Филаделфија, на која оперативни се само УС Ервејс и партнерот Американ Ерлајнс. Двете компании се обврзаа дека ќе ги предадат одобренијата за користење на аеродромската инфраструктура на лондонскиот аеродром и на оној во Филаделфија. Дополнително, со посебен договор ќе се овозможи и влез на нова компанија на споменатата рута, што ги задоволи барањата на ЕК, од каде бараа да се избегне монополот над овие аеродроми. Сепак, за да се реализира ова спојување, американското Министерство за правда мора прво да го ревидира договорот, со цел и ооттаму да се утврди какво влијание ќе има спојувањето по прашањето на конкурентноста.
Слично

Поврзани вести