СЕ СПОИЈА НЕБО И ЗЕМЈА - Повторно невреме во Македонија, делови од Берово поплавени (ФОТО)
Денеска ново невреме и нов град „потонат“ во вода. Берово пред неколку часа беше зафатено од силно невреме проследено со силен ветар и град.
Како што јавуваат локалните медиуми, денеска околу 14.30 часот во Берово „се споија небо и земја“.

Обилните дождови предизвикаа поплави на дел од градските улици, а граѓани јавуваат и за поплавени подруми и помошни простории.
Во моментот улиците во централното градско подрачје се поплавени, а забележлици се и поплавени автомобили.
Од општината најавија дека веднаш ќе излезат на терен со цел санирање на наносите од земја и камења по улиците.
Фото: Принтскрин: Фејсбук
Слично
