Се спогоди со СЈО откако овозможи илегално да се наполни касата на ВМРО-ДПМНЕ
Елизабета Чингаровска, која како поранешна претседателка на Комисијата на хартиик од вредност, овозможи илегално да се полни касата на ВМРО-ДПМНЕ, а за што беше обвинета во случајот „Талир“, се спогоди со Специјалното јавно обвинителство и за тоа доби двегодишна условна затворска казна.
Услов за тоа било да ја признае вината. Казната на Чингаровска, која дала „пас“ на овие дејствија, ќе се активира ако направи ново кривично дело во наредните пет години.
Во случајот „Талир“ на СЈО првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, потоа Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Илија Димоски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска која сега ја призна вината.
Обвинета е и самата партија ВМРО-ДПМНЕ како субјект кој од 2009 година до 2015 година се финансирал со пари од анонимни лица и од фирми.
Божиновски и Јанакиески кои вршеле притисок на претставници од фирми кои добивале тендери од државата, да обезбедат пари во кеш за партијата, како противуслуга за добиените тендери, а на уплатниците немао имиња и презимиња.
Партијата на тој начин се стекнала со околу 4,6 милиони евра.
