Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се состанува Комисијата за заразни болести: ќе има ли препорака за антиковид мерки?

Се состанува Комисијата за заразни болести: ќе има ли препорака за антиковид мерки?

Комисијата за заразни болести најави дека денес ќе има состанок на којшто ќе се дискутира за епидемиолошката состојба.

Во последните неколку дена бројките на новозаразени од ковид растат со што во земјава веќе има над 2.000 активни случаи .

Не е познато дали и што комисијата ќе препорача ако се земе предвид фактот на раст на бројките.

-Сите мерки се воведуваат за да нема пренатрупаност во болниците, за да неа силен товар врз здравствените капацитети, за да се израмни епидемиолошката крива. Во моментов тоа го немаме и далеку сме од притисок. Искрено се надевам дека вака ќе остане. Новите варијанти толку брзо се шират, што не верувам дека која било од нив ќе успее до толкава мера да ги истисне останатите и да стане доминантна и повторно да направи хаос, кажа професорот Пановски во изјава за Фактор.

Од друга страна експертската јавност, посебно во Европа е загрижена за ширењето на новата субваријанта на Омикрон, односно за појавата на Кентаур кој во Индија станува доминантен, а оттаму се префрли и на европско тло.


Слично

Поврзани вести