Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ СОСЛУШУВААТ СВЕДОЦИ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ СО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ - Тошковски за истрагата

СЕ СОСЛУШУВААТ СВЕДОЦИ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ СО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ - Тошковски за истрагата

Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број на сведоци коишто се поврзани со кривично правниот настан, вели министерот за внатрешни Панче Тошковски кој денеска во Штип одговараше на новинарско прашање дали има нови моменти околу истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во којшто животите ги загубија 62 млади луѓе. Тој истакна дека не би имал што други да додаде, бидејќи истрагата се уште трае. 

-Во овој момент истрагата се уште трае се собираат докази, се постапува по насока на Јавното обвинителство, штом има нови моменти јавноста од страна на Јавното обвинителство ќе биде запознаена за сите оние чекори коишто ќе следат во иднина, вели Тошковски.

Слично

Поврзани вести