СЕ СООЧУВАМЕ СО УШТЕ ЕДЕН СИЛЕН БРАН: Филипче потврди дека најсилен притисок има во болниците во Тетово и во Гостовар, долготраен имунитет само со вакцинација
Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска на прес-конференцијата на која беше
промовирана кампањата за имунизација, одговарајќи на новинарско прташање зошто
граѓаните кои ја прележале болеста и имат антитела ги тераат на вакцинација што
побрзо, тој истакна дека вакциналниот имунитет е подолготраен отколку природно стекнатиот имунитет кој се создава по заразата со вирусот.
-Нема дилема дека антителата се создаваат после прележана болест и штитат одредено време. Препораката на СЗО е дека имунитетот од вакцината е подолготраен и поефикасен. Тоа што сакаме да постигнеме со мерката граѓаните што побрзо да се вакцинираат, е што порано да се стекнат со подолготраен имунитет. Со тоа постигнуваме две работи, подолготраен имунитет и да го заштитиме здравствениот систем. Не секој пациент реагира еднакво, некој има антитела, некој не. Може по овој бран да има и нов, кога одредена група на граѓани кои сеа се болни, тогаш да бидат во фаза антителата да им паѓаат и пак се ризична категорија на граѓани, нагласи Филипче.
Инаку, според последните податоци, како што рече министерот, во земјава се хоспитализирани околу 700 пациенти пациенти поради компликации од ковид, но најголем притисок има во Клиничката болница Тетово, каде се хоспитализирани околу 110 лица, како и во Гостивар каде се лекуваат околу 90 пациенти. Повеќе од 35 хоспитализирани пациенти има во Струга, 40 во Кичево.
-Се соочуваме со уште еден силен бран. Според анализите кои ги правиме секојдневно, во градовите каде опфатот на вакцинација е голем, има помалку заразени, додека во градовите каде процентот на вакцинирани е помал, има огромен број новозаразени. И таму напливот на хоспитализирани е навистина голем. Затоа, секоја од мерките кои ги воведовме имат за цел што побрза вакцинација и што побрзо стеткнување колективен имунитет, рече министерот.
-Сметам дека мерките и понатаму треба да останат исти се додека уште повеќе не се зголеми колективниот имунитет. До викендот се вакцинирани 660.000 граѓани, од кои 501.000 се ревакцинирани. Со ова темпо ако продолжиме, некаде до средината на октомври уште повеќе ќе порасне колективниот имунитет, ќе стасаме до милион вакцинирани граѓани што е скоро 70 проценти од полнолетните. Затоа се и овие мерки, каде акцент се става на вакцинацијата, а не на алтернативите за влез на затворени настани, рече Филипче.
A.Б.