Се собираат потписи за контра-референдум
Граѓанската организација „Млади за Мкаедонија“, која го организираше последниот протест пред Собранието на РМ против ратификацијата на договорот од Преспа, започна со акција за собирање на потписи за распишување, на како што велат тие, нов „Татковински референдум“.
Нивната цел со овој референдум како што велат е одбрана на трите црвени линии од македонска страна, а тоа се името на државата, јазикот и идентитетот. Целта според нив е од правен аспект и трајно да се заштити уставното име Република Македонија, македонскиот идентитет и македонскиот јазик.
Како што велат од оваа организација тие се против постигнатиот договор со Грција за промена на името Република Северна Македонија. Очекуваат претстојниот референдум закажан за 30 септември дека ќе пропадне.
