Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се собираат електрични апарати за покуќнина и мебел за поплавените семејства

Се собираат електрични апарати за покуќнина и мебел за поплавените семејства

Во текот на утрешниот ден на четири пункта во главниот град ќе се организира хуманитарна акција.

Акцијата ја покренува градската организација наСДСМ-Скопје.

Сите хумани граѓани може да донираат електрични апарати за покуќнина и мебел. Целта е да им се помогне на граѓаните на кои им е неопходна помош после поплавите кои го зафатија скопскиот регион на почетокот на август.

Пукнтовите на коишто може да се донира се:

-На паркингот кај Цветен пазар – Нова Македонија

-На паркингот кај полициската станица - Беко

-Кружниот тек во Дебар маало – кај кафулето Круг

-Игралиштето на Водно – кај Тинекс маркет.

Хуманото срце подава рака!

Слично

Поврзани вести