СЕ СЛУШНАЛЕ ЕКСПЛОЗИИ: Пожар во зграда во Аеродром
Пожар изби денеска во зграда во Аеродром, каде експлодирале и две плински боци.
Пожар избувна во подрум во зграда на улицата „23 октомври“ во Аеродром. Причината за пожарот засега не е позната, но откако подрумот се запалил, експлодирале и две плински боци.
Како што информира за МИА, командир на Територијалната противпожарна единица, Среќко Чимевски, со настанување на пожарот, граѓаните пријавиле и силна експлозија, по што е утврдено дека експлодирале плински боци. Очевидците сметаат дека пожарот избил или од заварување, или од дотраена инсталација.
Слично
