Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СЕ СЛУЧУВА ОГРОМЕН ГРАБЕЖ НА НАРОДНИ ПАРИ“: СДСМ за загубите во ЕСМ - се произведува помалку за да се увезува скапа струја

„СЕ СЛУЧУВА ОГРОМЕН ГРАБЕЖ НА НАРОДНИ ПАРИ“: СДСМ за загубите во ЕСМ - се произведува помалку за да се увезува скапа струја

Власта го потврди она што го говори СДСМ за катастрофалната состојба на државната ЕСМ. Директорот на оваа компанија, Узунчев, призна дека ЕСМ ја заврши 2025 г. со загуба од 108 милиони евра и лани не е произведена струја согласно планираното. Дополнително компанијата во моментов има вкупен долг од околу 200 милиони евра.
Ова го посочуваат од опозициската СДСМ, од каде прашуваат „кој ќе одговара за ова?“.

- ЕСМ работи со загуби и произведува помалку струја од планираната за да се увезува скапа струја од надвор преку неговата мрежа на фирми во енергетиката.

Бизнис операција осмислена да се вклопи во бизнис мрежата на Мицкоски во која клучна улога има Сања Божиновска и „Руднап“ на Војин Лазаревиќ. Почнувајќи од Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул, преку офшор структурите на Кипар, па се до поврзаноста со „Руднап“.

Сите делчиња од својата мрежа Мицкоски ги има наместено, од производство и увоз на струја, до продажба - велат од СДСМ во нивното соопштение. 

Воедно додаваат дека „се случува огромен грабеж на народните пари. Сега кога граѓаните ќе видат покачена сметка за струја, ова е позадината“, нагласуваат на крајот од соопштението. 



Слично

Поврзани вести