СЕ СЛИКАЛЕ СО ОРУЖЈЕ И ОБЈАВУВАЛЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ - претрес кај двајца полициски службеници
Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи изврши претрес во дом кај двајца полициски службеници кои на социјалните мрежи објавувале фотографии со оружје. Против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.
„На 25.07.2024, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стадарди и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија беше извршен претрес во дом кај две лица – полициски службеници за кои претходно беше утврдено дека на социјалните мрежи објавуваат фотографии со оружје.
Подоцна, исто така, со судска наредба, беше извршен и претрес во викенд куќа во село Стрима, општина Липково, каде претходно беше утврдено дека е направена фотографијата и објавена на социјална мрежа, но во неа не беа пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело.
Со двајцата полициски службеници и нивниот родител, во присуство на адвокат, беа извршени службени разговори, по што беа извршени консултации со јавен обивнителе од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“ – информираат од МВР.
