СЕ СЛАВЕШЕ ВО ДОМОТ НА АНТОНИО МИЛОШОСКИ - пратеникот сподели фотографија од целото семејство
Убав повод за славење во семејството на пратеникот и истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Семејната атмосфера пратеникот ја сподели на социјалните мрежи, не штедејќи зборови за значењето на овој посебен ден во неговиот живот, но и за среќата да има големо семејство.

- Мојата 49та роденденска желба се прегратките на Симона, Михаела, Дариа, Илина, Давид и Филип Милошоски.
Денес семејно ќе си честитаме за роденденот, а утре за именденот по Светителот Антониј.
Ви благодарам многу за честитките и на сите ви пожелувам здравје и добри вести - напиша Милошоски на Фејсбук, каде сподели и семејна фотографија од одбележувањето на роденденот.
Неговата објава очекува предизвика лавина од реакции и честитки од пријателите и познаниците.
Фото: Принтскрин/Твитер
Слично
