Се скарал со синот, а потоа му го запалил автомобилот
Прилепчанец се скарал со синот и му го запалил aвтомобилот.
Полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп вчера го лишиле од слобода Г.К.(47) од Прилеп.
„Имено, постапувајќи по пријава дадена во 16.47 часот според која на улица ,,Бистра Планина" во Прилеп настанал пожар во патничко возило бмв, без регистарски ознаки, сопственост на М.К.(26) од Прилеп, преземени се мерки и активности, пожарот е изгаснат од територијалната противпожарна единица, извршен е увид и е констатирано дека пожарот на возилото го предизвикал приведениот, татко на оштетеното лице, по претходна меѓусебна семејна расправија“, соопшти полицијата.
По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за ,,Предизвикување општа опасност" по чл.288 од Кривичниот законик.
