Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ СКАРАА ЈОВАНОВСКИ И РУСКОВСКА: Недолични зборови беа кажани во судница

СЕ СКАРАА ЈОВАНОВСКИ И РУСКОВСКА: Недолични зборови беа кажани во судница

Во судница денеска имаше кавга меѓу обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и обвинителката Вилма Русковска. 

Тие си разменија недолични зборови. 

„Доаѓаат времиња кога паметниот замолчува, будалиот прозборува а фукарата се обогатува“, вака  Јовановски го цитираше познатиот писател Иво Андриќ. 

Тој бара да биде пуштен од притвор. Рече дека целиот државен врв е свртен против него.

„Судија, а да го прашате дали за фукарата мисли на себе?“, праша Русковска. 

Јовановски рече дека треба да се срами од тоа што го кажала, по што судијата нареди обвинетиот да биде изнесен од судница.

Боки 13 иако понуди гаранција, не излезе од притвор. 

Јовановски со месеци е во Шутка, додека екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е во куќен притвор. 

Судењето продолжува задутре. 

Слично

Поврзани вести