Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ШВЕРЦУВАЛЕ ЛИ ЦИГАРИ И АЛКОХОЛ КАКО ДИПЛОМАТСКА ПОШТА: МНР истражува

СЕ ШВЕРЦУВАЛЕ ЛИ ЦИГАРИ И АЛКОХОЛ КАКО ДИПЛОМАТСКА ПОШТА: МНР истражува

Не е најдена трага но ќе се испитуваат сите наводи во врска со евентуална пратка во која наместо дипломатска пошта, камион превезувал цигари и алкохолни пијалоци, како што објави МКД.мк. Министерството за надворешни работи соопштува дека издало насока на службите да ја прегледаат целата документација, да ги проверат сите информации од страна на дипломатско конзуларните претставништва.

„Според првичните информации добиени во изминативе два дена, не е најдена никаква трага во Министерството, за евентуална пратка која би можела да биде основа за злоупотреба. Дополнително, дадена е насока и во рамките на нашите дипломатско конзуларните претставништва за проверка на сите добиени информации за евентуални случаи со приведени наши граѓани, кои би можеле да бидат слични со пласираните наводи. Засега и од нашите претставништва не е добиена информација за евентуален сличен случај, кој би можел да соодветствува со наводите. Иако нема потврда за постоење на ваков случај, министерството има политика на нулта толеранција за злоупотреба или евентуално фалсификување на дипломатски документи или документи на институцијата, и оттука,  Министерството за надворешни работи во следниот период ќе продолжи со темелни проверки на појавените наводи и за тоа соодветно ќе ја информира јавност, велат од МНР.

Порталот МКД.МК вчера објави дека камион управуван од возач со македонски пасош бил запрен на влез во Италија од Словенија и при проверката било утврдено дека се шверцуваат цигари и алкохолни пијалаци.

Повикувајќи се на свои извори, порталот МКД.МК објави дека возачот покажал документи кои потврдувале дека се превезува дипломатска пошта, но бидејќи нешто не се совпаѓало во документацијата бил активиран граничен скенер, а потоа бил извршен и претрес.

„Наместо дипломатска пошта (која може да значи од вистинска пошта и документи, па сѐ до опрема и мебел за амбасади, конзулати и станови на дипломати во странство или средства и опрема за реновирање), големо количество цигари и алкохолни пијалаци биле „покриени“ со дипломатски печати, пломби и документи. Според нашите извори, камионот тргнал од Скопје, а со акцизната стока бил натоварен во Србија. Преку Хрватска и Словенија стасал во Италија. Таму сомнежот дека не се работи само за дипломатска пошта паднал кога скенерот прикажал многу шишиња, несоодветно количество за една дипломатска пратка. Возачот е во притвор, а случајот таму се истражува. Македонското МНР бездруго е известено по дипломатски пат од италијанските власти, пишува МКД.МК, додавајќи дека сличен инцидент имало и летово исто така во Италија, но овој пат во контејнер на пристаништето Бриндизи со крајна дестинација во Франција, стои во текстот.


Слично

Поврзани вести