Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се шетал со пушка низ Велес, полицајци го сопреле и го притвориле

Се шетал со пушка низ Велес, полицајци го сопреле и го притвориле

Велешкото обвинителство покрена истражна постапка против 20-годишник од Велес за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки матери, откако бил пресретнат од полицијата како се движи низ улиците на Велес со пушка.

„На 18 февруари, осомничениот неовластено држел огнено оружје – пушка марка „Баикал“ од руско производство, со калибар 12 милиметри, со две цевки со внатрешни ударни механизми и автоматска кочница. Движејќи се по улица во Велес, оваа пушка ја носел со себе, кога го запреле полициски службеници“, објави обвинителството.

Од судот е побаран притвор за осомничениот поради околности кои упатуваат дека може да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​


Слично

Поврзани вести