Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАНИУ И МЕЏИТИ ОБВИНУВААТ ЗА ЗАКАНИ: Пријавиле во полиција

ГАНИУ И МЕЏИТИ ОБВИНУВААТ ЗА ЗАКАНИ: Пријавиле во полиција

Поранешниот и актуелниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити и Висар Ганиу кои се членови на „Огнената група“ - фракција на ДУИ, вчеравечер пријавиле закани, кои наводно им ги упатил Муарем Асани, чие име се врзува за скандалот кога полицајка мораше да сведочи дека Асани не ја нападнал при контрола, туку дека таа се удрила во пајакот кој требало да ја крене колата на Асани.

Асани инаку е актуелен заменик директор на Царинската управа.

Како што информираше Ганиу, а пренесе Алсат, заканите ги добил во 20 часот од непознат број кој се претставил како Асани. За Алсат тој изјави дека се чувствува загрозено бидејќи наводно Асани му рекол „Ти и Изет ќе се најдете на улица“.

Заканите ги пријавиле во полициска станица Кисела Вода.

Извор: Алсат


Слично

Поврзани вести