Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Се сеќаваме на притисоците врз претседателката на Врховниот суд оти одби да го помилува Груевски“: Вреди со реакција на извештајот на Европската комисија

„Се сеќаваме на притисоците врз претседателката на Врховниот суд оти одби да го помилува Груевски“: Вреди со реакција на извештајот на Европската комисија

Забелешките и недостатоците евидентирани од Европската комисија во нејзиниот последен извештај јасно покажуваат како претходниот режим ја спроведувал власта со нечесни и незаконски методи.

Ова го истакнаа претставниците на владината коалициска партија „Вреди“ кои утрово со ново соопштение се насочија кон критика кон претходниците, особено кон ДУИ. 

- Скандалите и корупцијата инсталирани од Демократската унија за интеграција (ДУИ) и нејзините сателити го поткопаа довербата во судството, го попречија економскиот развој и социјалниот напредок.

Забелешките и недостатоците евидентирани од Европската комисија во нејзиниот последен извештај јасно покажуваат како претходниот режим ја спроведувал власта со нечесни и незаконски методи. Интервенциите на ДУИ во судскиот систем беа неприфатливи. Се сеќаваме на притисоците врз претседателката на Врховниот суд, само затоа што таа одби да го помилува и да го врати Никола Груевски во Македонија како херој - нагласуваат во соопштението.

Додаваат дека ваквите постапки длабоко го потресоа јавното мислење. 

- Исто така, претходната гарнитура го смени Кривичниот законик за да ги намали и застаре казните на поранешните функционери, чин кој беше презентиран од ДУИ како усогласување со европските стандарди.

Ова беше уште еден обид за измама на граѓаните и за заштита на нивните лични интереси на штета на правдата и транспарентноста. Претседателот на СДСМ Венко Филипче ја призна грешката, дали истото ќе го направи и Али Ахмети?

Спротивно на горенаведеното, коалицијата ВЛЕН е посветена на следење на чист и чесен пат. Се потпираме на поддршката од граѓаните за да изградиме подобра иднина за нашата земја - нагласуваат во соопштението. 

Притоа доаваат дека „преку функционери избрани без коруптивни дамки, демонстрираме европско однесување и транспарентност во нашите постапки. Заедно, ќе изградиме поправедно и поразвиено општество“, се нагласува во соопштението испратено до медиумите.

Слично

Поврзани вести