Се санираат хидроцентралите, браната кај Леуново ќе штити од поплави
При крај е замена на застарената и истрошена опрема во шестте електрани, исто како и градежните зафати кај хидроелектраните, информираат од ЕЛЕМ. Според Дејан Бошковски, генерален директор на компанијата кој денеска беше во посета на мавровската брана во село Леуново, најкрупната досега инвестиција ќе биде завршена во предвидениот рок.
Рече дека инсталирањето дополнителна опрема, ќе обезбеди автоматизрано проиизводство на електрична енергија, но и поголема стабилност и сигурност на браните. Според најавите, проектот за ревитализација на шест хидроелектрани е вреден околу 33 милиони евра, ќе заврши до средината на 2014 година.
„Со него е предвидено продолжување на животниот век на постојните хидроелектрани и зголемување на нивната сигурност и доверливост. Со ова се зголемува инсталираната моќност за дополнителни 18,31 мегавати, а годишното производство на електрична енергија за околу 50 гигавати. Тоа во пракса би значело задоволување на потребите на над 30.000 граѓани,“ итакна Бошковски.
Со надвишувањето на браната Леуново, ќе се зголеми безбедноста , велат од ЕЛЕМ. Со ова поплавите од дождовите и топењето на снегот како и испуштањето на водите од Мавровското езеро, кои ги доведоа во опасност жителите на неколку тетовски села во општина Јегуновце, нема да се повторуваат. Така Мавровското Езеро ќе може да собере уште 33 милиони кубиции вода, односно 50 гигават часа електрична енергија, зафат тежок околу 790.000 евра. Веќе е готова санацијата на Речкиот канал, при крај е на Шарскиот канал, а санирани се критичните делови на Тољанскиот тунел на најкритичните делници, посочија од компанијата.
Слично
