Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ САМОЗАПАЛИЛ КАМИОН: Каква несреќа во струмичко

СЕ САМОЗАПАЛИЛ КАМИОН: Каква несреќа во струмичко

Цел камион изгоре денеска попладнето во близина на селото Добрашинци, кај Струмица. Настанот се случил во 13:30 часот но за среќа освен предизвиканата материјална штета, нема повредени.

Според информацијата од Територијалната противпожарна единица на Струмица, во гаснењето на запалениот камион марка „Застава“ учествувале тројца пожарникари и едно против пожарно возило, а пожарот бил локализиран и целосно изгаснат за кусо време.

Според пожарникарите причина за пожарот најверојатно е самозапалување на товорното возило од електричната инсталација.


Слично

Поврзани вести