Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се самозадоволувал пред три дечиња: Шеесетгодишник од Миладиновци бил фатен „на дело“

Се самозадоволувал пред три дечиња: Шеесетгодишник од Миладиновци бил фатен „на дело“

Шеесетгодишник од селото Миладиновци се самозадоволувал пред малолетници. Основното јавно обвинителство побара мерка притвор за него и отвори истрага поради основи за сомнение за сторено кривично дело „Задоволување на полови страсти пред друг“.

„Шеесетгодишниот жител на село Миладиновци е осомничен дека на 3 февруари, на улицата „Беровска“,  во Скопје вршел полови дејствија пред три деца кои не наполниле 14 години. Настанот го забележал сведок кој изреагирал и го избркал обвинетиот од местото. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и веројатност да го повтори делото, велат од ОЈО.

Како што соопшти Обвинителство, наведените околности упатуваат на тоа дека нема услови за определување на поблага мерка за обезбедување негово присуство во текот на постапката, особено ако се има предвид тежината на предметното кривично дело и запретената казна од над 4 години затвор, оцени надлежниот јавен обвинител.​


Слично

Поврзани вести