Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се руши изборниот молк со предвремени резултати

Се руши изборниот молк со предвремени резултати

На социјалните мрежи се шират објави со резултати од гласањето на болните, изнемоштените и затворениците. Со тоа што се открива за која партија се дадени гласовите се прават обиди да се наруши изборниот молк и да се влијае врз расположението на гласачите.

Слични потези од одредени припадници на политичка партија имаше и во текот на минатите предвремени парламентарни избори во декември кога се објавуваа гласовите од дијаспората со тврдења дека победуваат на еден ден пред целокупното гласење, но и пред објавата на конечните и верификувани резултати од Државната изборна комисија.

Социјалните мрежи се најдостапниот јавен простор на кој може да се вршат злоупотреби со објава на предвремени резултати што е тешко кршење на изборните правила, затоа се упатува апел до сите гласачи да не потклекнуваат на овие обиди и да го остварат своето демократско право на глас без никакви влијанија, притисоци или лажни информации.


Слично

Поврзани вести