Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се руши хотел во Охрид

Се руши хотел во Охрид

Дивоизграден хотел на крајбрежјето на Охрид започна со рушење на градбата. Првенствено на илегалниот објект започна интервенцијата на работниците на фирмата што Општина Охрид ја ангажираше за уривање на дивоградбите, но сопственикот на објектот ги информирал надлежните дека сам ќе го стори тоа во рок од 20 дена и покажап нотарска заверка.

Сопственикот на објектот замолил да се повлечe полицијата и да се започне со уривањето на објектот, бидејќи сакал сам да го спроведе решението за уривање кој го добил од општина Охрид.

Сопствениците на угостителските објекти на потегот од Ј’но до Канео веќе почнаа да ги отстрануваат платформите од објектите, а во тек е и демонтирање и на платформите на плажите на источниот брег на езерото.

Според информациите на Охрид 1, везмалку сите угостители кои се сопственици на дивоградби или узурпирале државна земја, деновиве посетиле нотари и имаат подговтвени заверени изјави дека сами ќе си ги урнат објектите.


Слично

Поврзани вести