Се роди првото бебе во Велес во новата година
Се роди првото бебе во Велес.
Во Одделението за гинкологија и акушерство во велешката ЈЗУ Општа болница, утрово во 10 часот и 16 минути, се роди машко бебе, прво годинава. Бебето е тешко 2.930 грама, а долго 49 сантиметри. Мајката е Сибил Кариманова, која се породи со царски рез. Од болницата велат дека и мајката и бебето се добри.
Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ги посети мајката и бебето и од локалната самоуправа им додели 12 илјади денари.
Освен од Велес и велешко во болницата се породуваат и жени од Свети Николе, Неготино, Лозово и други соседни општини.
Во Скопје, Битола, Охрид, Струга и Куманово првото бебе во новата година беше машко, во Кавадарци , Гостивар и Прилеп женско.
Слично
