Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се реновира Здравствениот дом во Виница, ќе се штеди на греење

Се реновира Здравствениот дом во Виница, ќе се штеди на греење

Започна втората фаза од реконструкцијата на  Здравствениот дом во Виница. Инвестицијата е вредна  380 илјади денари со што ќе се менуваат прозорците во административниот дел и во одделението за ортодонција стари над 5 децении.

„Со овој зафат се очекува потрошувачката на дрва да се намали за повеке од 10%  при што годишно оваа установа за загревање на сите простории троши околу 500 метри кубни дрва во вредност од милион и 200 илјади денари“, изјави директорот  Мартин Павлов.

Парите ги обезбеди од сопствени извори Здравствениот дом Виница, каде лани веќе беа инвестирани милион и 600 илјади денари во опремувањето на просториите за итна медицинска помош, лабораторијата, санитарните јазли, влезот во зградата, како и фасадата на зградата.

Слично

Поврзани вести