Се реконструира патот кон Средно Водно
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека е започната темелна реконструкција на патот кој води кон Средно Водно.
„Овој пат е дел од секојдневието на илјадници граѓани и пристап до едно од најубавите места што ги имаме.
Покрај реконструкцијата на коловозот, се уредуваат и сливниците за атмосферските води кои долги години беа нефункционални и неодржани, а се обновуваат и еластичните одбојни огради (банкини), кои исто така повеќе децении стојат оштетени и непроменети.
Решаваме еден долгогодишен проблем и овозможуваме поголема безбедност, подобра заштита на патот и негово подолгорочно одржување.
Паралелно, во континуитет се одржуваат и патеките кон Водно, се уредува просторот и се заменува дотраената урбана опрема, за ова место повторно да го добие изгледот што го заслужува“, објави градоначалникот.
Слично
